Нема возење побрзо од „стотка“: Како Холанѓаните се борат со загадувањето

ОБЈАВЕНО НА:

Тоа не е популарна мерка, никој не ја сака, но ќе послужи за ошто добро. Тоа го вели премиерот на Холандија. Емисијата на штетни гасови по глава на жител во Холандија е четирипати повеќе од просекот во Европската унија.

Холандија ќе ја ограничи брзината на возилата на максимално 100 километри на час во рамки на итните мерки за намалување на загадениот воздух. Владата е погодена и од кризата после судската пресуда кога одложи илјадници градежни проекти затоа што Холандија со години ги крши ограничувањата за нивото на дозволеното загадување.

За емисијата на штетни гасови во обличк на азот диоксид прво се одговорни автомобилите, камионите и големите возила за превезување на роба, како и големите градежни возила на дизел горио. Азотот во подземните води и на тлото главно доаѓа во форма на нитрат кој се наоѓа во земјоделските ѓубрива и канализациите на тој начин предизвикуваат прекумерно размножување на алги.

„Тоа не е популарна мерка, никој не ја сака, но ќе послужи за општо добро“, вели премиерот на Холандија.

Истанува дека мора да се спречи непотребното губење на работни места. Градежните работи се запрени со одлука на судо на околу 18.000 проекти врзани со автопатите, аеродромите и ветерниците.

Истражувачкиот институт на Холандија (EIB) предвидува пад на приходите од градежништвото за 8 проценти до 2021 година, а потенцијално загрезени се околу 40.000 работни места.

Емисиите на азот по жител во Холандија се четирипати поголеми од просекот во Европската унија, а околу 61 процент од емисиите отпаѓа на земјоделието.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK