Нема веќе тајни – ова е новиот Peugeot 308 (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot се надеваше дека ќе успее да ја сочува тајната за изгледот на новиот 308, но на десет дена пред официјалната промоција веќе се појавија и фотографиите на моделот. Без камуфлажа и речиси сигурни во изгледот што треба да го има моделот кој ќе треба да се бори во „голф класата“. Со оглед на тоа што на предната маска го има и новото лого на брендот, сосема е сигурно дека и фотографиите се „вистински) односно од моделот што доаѓа.

Многу портали веќе ги објавија шпиунските фотографии на новиот модел, што сигурно нема да го радува францускиот производител. Од друга страна читателите секогаш се радуваат на ваквите фотографии и детали што може д аги дознаат за секој нов модел уште пред неговото лансирање.

Она што веднаш станува јасно е дека Peugeot навистина ќе биде убав автомобил. Со острите фарови со LED дневни светла што се протегаат во браникот и малите хромирани капаци помеѓу решетката и светлата фацата изгледа доста впечатлива..

Peugeot 308 е направен на EMP2 платформата на PSA на која с еи многу други модлеи од средната класа на Peugeot, Citron, Citroen DS и Opel. Taa платформа овозможува вградување на плаг-ин систем, па дури и целосно електричен. Моделот 308 з апрвпта треба да имаи плаг-ин верзија.

За жал, овие шпиунски снимки не даваат јасен изглед на задниот крај, бидејќи прототипот е делумно покриен од задната страна. Сепак, барем, можеме да го видиме агресивниот дизајн на дифузер со интегрирани овални совети за издувни гасови, што сугерира дека ова може да биде облогата на GT Line.

Сега со нетрпение го чекаме официјалното деби на моделот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK