Мотоциклистите кои ги турираат своите мотори низ мирните градски населби и возачите на силните автомобили наскоро би можеле да станат минато во Париз. Во деловите на градот одлучиле да воведат нов систем на камери со „радар за врева“ кој може да идентификува гласни возила, да ја види нивната локација и автоматски да ги казни.
Системот го послтавиле во Villeneuve-le-Roi кај аеродромот Orli, а ќе се активира што владата го потврди новиот закон кој ги дозволува на ваквите системи. Новиот систем ќе се поврзе со аудио снимка со полициските камери и автоматски ќе праќа казни. Се состои од четири микрофони кои секоја десетинка ја мерат на ниво на децибели и можат да го погодат правецот од кој доаѓа.
„Вревата е чудовиште на модерниот живот и голем здравствен проблем. Им пречи на луѓето исто како и пасивното пушење“, рече Гонзалес и додаде дека со овој алат не е можно да се оспори изворот на вревата.
Законот за кој зборуваше треба да стапи на сила оваа есен и да им овозможи на локалните власти да експериментираат со разни системи за снимање и казнување на возачите кои ќе ги надминат лимитите на врева. Французите веќе имаат закон кој ја лимитира вревата на возилата, но тешко се применува бидејќи зависи од индивидуалното фаќање и казнување на гласните возачи.
„Немаме ништо против Harley Davidson или Ferrari, но нивните сопственици знаат понекогаш премногу да ја истакнуваат нивната сила и вревата да им пречи на луѓето“, вели Реми Жордан од Vileneuev.
Околу 40 вакви камери веќе неколку месеци работат во близина на баровите во Париз, а уште 17 се поставени поракј значајните згради. Поставени се во населбата Сен-Форже, а и центарот на Париз ќе ги добие овие камери. Со оглед на тоа што системмот е во тестирање, уште никого немаат казнето. Владата планира двогодишен тест период во кој ќе пробува нова технологија и ќе го дефинира нивото на врева кое ќе биде прекинувач за казни.