Нема веќе мешање на кочница и гас, измислија специјална технологија за спречување

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на автомобили од Јапонија, Toyota, е подготвен да го потресе пазарот и тоа во текот на летото со нова иновациска технологија.

Оваа нова технологија прво ќе биде понудена како опција за новите возила во Јапонија, а пред да излезат на глобалниот пазар, се очекува истата да ја имплементираат во некој од постоечките модели.

Сето тоа има за цел да се контролира забрзувањето дури и кога препреки за тоа не постојат. Toyota се надева дека на овој начин ќе успее да го намали бројот на сообраќајни несреќи што предизвикува забувна и погрешно стискање на педалите.

Поради тоа што луѓето често ги мешаат педалите за гас и кочница може да се видат и голем број на несреќи и на паркинзите и на слични места. Затоа оваа технологија ќе се придружи на експресното кочење пред судирот, помош за автоматско останување во лента, предупредување при напуштање на лентата и слично.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK