Макпетрол го најавува ребрендирањето на веќе познатите и модернизирани маркети кои од сега ќе бидат под брендот ВЕРНА.
Новиот визуелен идентитет и назив на ВЕРНА Shop & drive маркети, уште еднаш го отсликува инвестирањето на компанијата во иновации и е насочен кон задржувањето на уникатноста на брендот ВЕРНА, како веќе препознатлив бренд кој во изминативе години е синоним на услужните дејности што ги нуди Макпетрол.
Во согласност со својата корпоративна стратегија, Макпетрол постојано ги следи навиките на своите потрошувачи и се труди на најдобар начин да им излезе во пресрет. Секоја промена е позитивен одраз на развојот на компанијата и визијата за иднината.