вторник, 25 декември, 2025 година

Нема веќе криза: Приходите од туризам во Грција скокнаа за над 15 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Ако годинава забележавте дека некои цени во Грција скокнаа, тоа значи дека постои побарување за истите, па оние што ги нудат сакаат да профитираат. Кризата во која повеќе години беше туризмот во Грција е веќе минато.

Зголемувањето на приходите од туризам во Грција во првото полугодие е над 15 проценти пренесува ekathimerini.com, повикувајќи се на податоци од централната банка. Поголем приход во економијата помогна да се намали дефицитот на тековната сметка на земјата.

- Advertisement -

Бројот на туристи во првите шест месеци од годинава е намален за 0,5 отсто во однос на лани, но скокнале приходите. Намален е бројот на туристи од земјите на ЕУ, но затоа е зголемен бројот на туристи од земјите што не се членки на ЕУ.

Намалување има во бројот на туристи од Германија (-7,1 отсто), а зголемувањ ена оние од В.Британија (+4 отсто), Франција (+15,2) и САД (+21,4). Во првата половина од годината, номиналните приходи од туристички услуги во земјата се проценуваат на 5,5 милијарди евра, или за 15,3% повеќе од ланските 4,77 милијарди евра.

Зголемувањето на туристичкиот проток во Грција, логично доведе до поголем приход во транспортот. Вкупното зголемување во првото полугодие беше 7,3%, што е најзначајно зголемување на приходите од патничките бродови.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја