Една од најсериозните причини за сообраќајни несреќи на патот е консумирањето на алкохол од страна на возачите. Со оваа напаст во Европа се борат најмногу превентивно, што дава подобар резултат отколку елиминацијата на непријатните последици несреќките поврзани со користење на алкохол и дрога.
Во многу земји на Европската Унија постои практика за проверка на возачите за алкохол, без да се интересираат од страна на полицијата дали има пиено додека возел или пред да седне во автомобилот. Се бара апсолутна трезвеност за време на управувањето на автомобилот за осигурување на безбедно патување.
Сообраќајната полиција на Естонија, на пример, одвреме на време целосно го запира движењето на главните патишта во главниот град алин со доста големи трошоци и апсолутно секого го проверува за алкохол и наркотици.
Ако се открие влијание дека возачот е под влијание на некое од нив возачот мора да излезе од колата и му се подготвува соодветен извштај. Автомобилот се носи на паркинг за да не пречи на големата колона возила.
На проверка подлежат апсолтно сите, независно дали се возачи во јавниот превоз, воениот, полициски возачи или возачи на репортажни возила.