Нема право на жалба: Хокејар казнет со 120.000 евра поради брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

Одбранбениот хокејар на тимот Buffalo Sabres, Расмус Ристолаинен ќе мора да плати огромна казна во износ од 120.000 евра поради пребрзо возење на својот Mercedes-Benz G 500. Тој возел со брзина од 81 км/ч во центарот на Турку во Финска, на место каде што ограничувањето е 40 км/ч. Играчот од NHL лигата ја признал видната и објаснил дека ги нарушил правилата и при претекнување.

Покрј тоа што ќе биде многу казнет финансиски, Ристолаинен најверојатно ќе мора да се прости со возачката дозвола. Обвинителството на Финска настојува Расмус да го загуби правото за управување на возило најмалку во следните три месеци.

Според Ilta-Sanomat казната од 120.680 евра е пресметката врз основа на податоците за возење пребрзо и платата која ја зема Ристолаинен на годишен план од 5,4 милиони долари. Казната е дефинитивна и не подлежи на жалба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK