Во иднина во Бугарија нема повеќе да се плаќаат вињетки за користење на патиштата, туку ќе се воведе патарина, кој треба да донесе и повеќе приходи, за да може полесно да се одржуваат патиштата. Главната причина е што приходите од вињетки годишно се околу 16- милиони евра, а со новиот систем се очекува годишната заработувачка да биде неколкукратно повисока.
„Започнуваме со изградбата на државно претпријатие за работење на системот на патарина, изјави за новинарите во Добрич претседателот на Управниот одбор на Агенција “Патна инфраструктура”, Дончо Атанасов.
Системот би требало да профункционира од идната година.
Во моментов најевтината вињетка во Бугарија за користење на патиштата е 8 евра за една седмица. Кај тешките товарни возила постојат и дневни вињетки кои чинат по 11 евра (од 431 до 891 евро за година), а со новата наплата се очекува токму од камионите да се заработува повеќе.
Просечно дневно транзитниот сообраќај на тешки товарни возила е меѓу 8 и 10 илјади. Камионите најмногу ја оштетуваат патната мрежа и затоа треба поскапо да плаќаат