Нема повеќе Seat Mii во тровратна изведба

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот производител SEAT објави дека ја намалува понудата на Mii со тоа што се прекинува производството на овој градски автомобил со изведба од три врати.

Од производителот не откриваат која е причината за прекинувањето на производството, меѓутоа се шпекулира дека причина за оваа одлука е слабата заинтересираност и продажба за оваа изведба на малиот градски автомобил.

Така во 2017 година во Европа се продадени само 15.412 примероци од овој модел, а во вкупната продажба, изведбата со три врати учествува со 4.470 продадени примероци.

Овој модел во понудата на SEAT е воведен во 2011 година, истата година кога Volkswagen и Skoda ги воведуваат идентичните up! и Citigo модели. Производството на овие автомобили за европскиот пазар се извршува во фабриката на VW Групацијата во Братислава (Словачка), а засега нема информации дали ќе се појави нова генерација на овие модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK