Нема повеќе Fiat 500 во Северна Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Нема повеќе место за Fiat 500 во понудата на Fiat во Северна Америка, потврдуваат од FCA. Ваква одлука донесоа раководните лица во италијанскиот производител, а главната причина за тоа се огледа во големиот пад на продажбата. САД, е земја каде малите градски автомобили не се воопшто популарни.

Како и останатите модели од сегментот, така и Fiat 500 изминатите години не генерираше значителна продажба. Од 43.772 автомобили продадени во 2012 година, продажбата се спушти на само 5.370 примероци минатата година.

Потврдено е дека повеќе нема да се произведуваат моделските изведби наменети за овој регионален пазар, а во наредниот период ќе се форсира продажбата на заостанатите залихи од овој модел. Истовремено, се потврдува дека во наредниот период во понудата ќе останат 500X, 500L и 124.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK