четврток, 26 февруари, 2026 година

Нема повеќе евтино гориво – Ќе скока цената на нафтата

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Веројатно деновите кога имаме евтино гориво брзо ќе завршат, па ќе следи тренд на зголемување на цената. Ова откако членките на ОПЕК се пред дефинитивен договор за драстично намалување на производството на сурова нафта. Цената на нафтата последниве недели е на најниско ниво во последните две децении. Причината е намалената побарувачка поради пандемијата со коронавирусот, но и „војната“ меѓу Русија и Саудиска Арабија.

Членките на ОПЕК сметаат дека годинава побарувачката на сурова нафта ќе биде помала за околу 6,8 милиони барели дневно. Во вториот квартал од годината намалувањето може да биде и до 12 милиони барели дневно.

- Advertisement -

Според соопштението на произведувачите на нафта ОПЕК и нивните партнери во форматот ОПЕК +, постигнат е договор за намалување на производството за 10 милиони барели дневно во текот на мај и јуни годинава. Намалувањето ќе биде ублажено во периодот од јуни до декември 2020 година на 8 милиони барели дневно, а потоа за шест милиони барели дневно во перидот до април 2021 година.

Сега откако С.Арабија и партнерите од ОПЕК+ предводени од Русија се договорија за намалување на производството на сурова нафта за околу 20 отсто од сегашното производство. Намалувањето ќе трае до крајот на јуни, а целта е да се потрошат сегашните залихи и да се овозможи раст на цената. Договорот е до април 2021 година да постои ограничено производство.

Цената на берзите на барел нафта е веќе над 32 долари што укажува дека после договорот на светските берзи почна цената на скока. Со оглед на тоа што кај нас цената се усогласува секој понеделеник, а како репер се зема ценатана берзите и односот на денарот и доларот веројатно е дека и кај нас ќе следи зголемување на цените на нафтените деривати.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја