Компанијaта Continental работи на автоматски систем кој ќе го предупредува возилото за ризик од поголема количина на вода на патот (аквапланинг). Загубата од добар контакт на гумите со подлогата особено на мокрите патишта може да биде голем ризик за безбедноста при возењето.
Поради ова се работи на системот за предупредување за вода на патот, кој користи информации од камери и од сензори во гумите, а ќе може да ја препознае водата пред да се дојде до неа. Тоа значи дека возачите ќе бидат навреме предупредени за да ја корегираат брзината.
Секогаш со неопходна контрола
„Дури и за автомобилите кои се опремени со најдобрите гуми, ненадејната вода на патот е застрашувачки момент и може да доведе до сериозна опасност. Развиваме високо ниво на технологија која ќе користи сензори и софтвер за да се препознае потенцијалниот ризик до вода на патот и на тој начин навреме да ги предупредува возачите“, вели Франк Журдан, член на советот на директорит на Continental.
Како резултат на проучувањата на феноменот алвапланинг и развојот на системот за предупредување, Continental го насочува своето внимание и кон важноста на длабочината на шарата на гумата за безбедноста при возењето. Аквапланингот зависи и од длабочината на шарата, длабочината на водата и брзината при возењето. Затоа од Continental препорачуваат летните губи да бидат подновени кога длабочината на шарата ќе падне под 3 милиметри. При помала длабочина се зголемува ризикот од аквапланинг.
Камерите се клучот за рано предупредување за аквапланинг
Тој се појавува кога не може брзо да се отстрани водата од асфалтот. За да се препознае таа ситуација системот на Continental зема податоци од камери со можност за снимање од 360-степени, кои се инсталирани на страничните огледала, на решетката и во задниот дел од автомобилот.
„Кога на патот има многу вода тогаш камерите покажуваат специфичичен модел на прскање при допир со гумите, што означува ран стадиум на развој на аквапланинг“, појаснува директорот на проекти во Continental, Бернд Хартман.
Сензорите во гумите може да „почувствуваат“ аквапланинг
Како дополнување на камерите, Continental користи информации од самите гуми за идентификување на ризикот од аквапланинг. Во тој случај, податоците од сензорите ќе бидат анализирани директно во гумите.