Полицијата во Германија заплени 120 спортски автомобили сомневајќи се дека учествувале во нелегалната трка EuroRally.
По спречувањето на нелегалните трки во Дуизбург и Крефилд, сега германската полиција успеа да го спречи релито кое оваа година се одржува од Осло (Норвешка) до Прага (Чешка).
Како што пренесуваат германските медиуми, полицијата по пријава на сведоци кои навеле дека автомобилите се движеле со брзина и над 200 км/ч, а повикувајќи се и на камерите поставени на автопатот, запленила бројни автомобили од брендовите на Lamborhini, Nissan, Audi, BMW, Ferrari, Porsche и други спортски брендови.
Доколку се докаже дека тие се тркале по патиштата во Германија, против нив ќе биде покренето и обвинение.