Нема одење во Грција најмалку до 15 август

ОБЈАВЕНО НА:

Грција реши да ја остави затворена границата со Македонија најмалку до 15 август. И не само со Македонија, туки и со Албанија и Турција.

Одлуката се однесува за копнеите, воздушните и морските патишта. Денеска истекуваше одлуката од 15 јули со која беше ограничувањето за поврзување на Грција со Македонија, Албанија и Турција.

Тоа значи дека Грција ја поддржа одлуката на Советот на ЕУ која вчера објави ажириран список на држави чии граѓани имаат право да патуваат во ЕУ. На тој список ја немаше Македонија.

ЕУ смета дека Македонија не ги исполнува критериумите на епидемиолошката состојба, мерките за заштита, вклучително и физичката оддалеченост, како и социјалните и економските параметри,

Следете не и на:

24AUTO NETWORK