MotoGP шампионатот нема да започне пред август. Ова следува откако беше одложена трката за големата награда на Финска.
Трката во Лити требаше да се одржи на 12 јули, но поради пандемијата од коронавирусот, а следејќи ги препораките на владата на Финска, организаторот побарал одложување на трката.
Оваа трка е деветата од календарот што се одложува. Претходно се одложија и трките за големите нагади на Шпанија, Франција, Италија, Каталонија, Германија и Холандија, а беше откажана онаа во Катар.
Сега следна трка која е на календарот за возење е онаа во Брно, Чешка. Истата е закажана за 9 август, но засега нема потврда дали ќе се одржи или одложи. Според регуларниот календар, со трката во Чешка до крајот на сезоната останваат уште 12 трки.