За Bentley како да немаше коронавирус – минатата година оствари зголемување на продажбата за 2%.
Според потврдени официјални податоци, во текот на минатата година овој луксузен производител на автомобили на глобално ниво успеа да продаде 11.206 автомобили и покрај тоа што едеn месец фабриката беше затворена.
Најголема причина за овој одличен продажен перформанс имаше зголемената продажба во Кина за речиси 50%. На овој пазар беа вкупно испорачани 2.880 возила. Сепак најголем пазар и натаму останува САД каде се испорачани 3.035 возила што е пораст од 4% во однос на 2019 година.
Во Европа пак, испорачани беа вкупнo 2.193 нови возила.

Следете не и на:

