Нема криза: Европа повторно продава рекордно

ОБЈАВЕНО НА:

Според последните податоци на JATO Dynamics, агенцијата за анализа на автомобилскиот пазар, во првите шест месеци од годинава, во Европа биле продадени 8,4 милиони нови автомобили (+ 4,3%), што е најдобро достигнување од 2007 година па досега. Продажбата во изминатиот месец биле на ниво од 1,5 милиони единици, што претставува зголемување од 1,9 % во споредба со јуни минатата година.

Со 905.148 продадени возила од почетокот на годината, Volkswagen ја задржува првата позиција од минатата година. Renault го завзема второто место забележувајќи раст во реализацијата од 4,9 % до ниво од 623.606 нови автомобили, а на трето место со подобрување од 3,8% до 589 644 единици е Ford.

Во топ 10 најпродаваните автомобилски брендови во Европа за првата половина на 2017 влегуваат уште: Opel / Vauxhall (526.221), Peugeot (499.064), Mercedes (472.761), Fiat (451.445), Audi (439.264) , BMW (432.919) и Skoda (368.043).

Иако има намалување на побарувачката од 11,6 % на ниво од 237.405 единици, Volkswagen Golf продолжува да биде најбаран нов автомобил во Европа и на крајот на првите шест месеци од годината.

На второ место заостанува Renault Clio (+ 6.3 %, – 183.994 возила), а на трето е Volkswagen Polo (+ 3 %, 171. 554).

Во Топ 10 на најбараните модели во Европа за првата половина на 2017 влегуваат уште: Ford Fiesta (156.424), Opel Corsa (138.703), Nissan Qashqai (136.239), Opel Astra (133.709), Peugeot 208 (132.103), Volkswagen Tiguan (127.392) и Skoda Octavia (120.020).

Податоците на JATO Dynamics покажуваат исто така дека кај SUV возилата продолжува зголемување на побарувачката, како на крајот на првата половина на годината предвид раст од 19,7 % до ниво од 2.386.178 единици, што е еднакво на пазарен удел од 28,3 % .

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK