Кога во текот на возењето ќе ви пукне гума или истата ќе се издиши, логично е да застанете некаде покрај пат и да ја замените со резервна или да ја напумпате. Иако се чини дека сите возачи немаат иста логика.
Така една жена неодамна е снимена зад воланот на Hondа Civic, на автопат во државата Њу Џерси во САД, како вози автомобил со брзина од 100 км/ч без задна лева гума. Возилото е само на бандаж.
Деловите на распаднатата гума, при толку голема брзина, оштетиле дел од каросеријата, задното лево крило и дел од задната врата. Настрадал и добар дел од задниот браник.
Без оглед на тоа, госпоѓата воопшто не обрнувала внимание туку возела без смалување на брзината, не тргнувајќи ја ногата од педалот за гас, потенцијално загрозувајќи се себе си и другите учесници во сообраќајот.