Нема Facebook и Twitter додека се возите

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел да се намали бројот на сообраќајки на патиштата американската национална агенција за безбедност во сообраќајот (НХТСА) објави нови смерници за производителите на автомобили. Главната поента е да се насочи развојот како да се намали употребата на телефоните во текот на возењето.

Според оваа агенција, 10 отсто до 35.092 сообраќајки со смртни последици во 2015 година биле предизвикани поради губење на концентрацијата на возачот бидејќи нешто му го одвлекло вниманието. Поради тоа на патиштата во САД загинале 3.477 луѓе, што е 9 отсто повеќе во однос на 2014 година.

Како еден од главнит евиновници според НХТСА се телефоните. Токму затоа НХТСА бара во САД додека управувате со автомобилто да постои „возачки режим“ – Driver Mode, на телефоните. Нешто слично како кога се возите со авион. Засега ова се само неформални насоки што им се надаваат на производителите, но и на компаниите што се занимаваат со системи поврзани околу смарт телефоните и нивното поврзување со мултимедијалните уреди во возилата.

facebook_2227458b

Кога ќе го вклучите овој Mode тогаш сите „гаџети“ во телефонот и другите „играчки“ нема да може да работат. Така на возачот нема што да му го одвлекува вниманието. Ќе биде забрането гледање филмови, видеа, читање книги и играње.
Вклучувањето и исклучување на Driver Mode треба да биде автоматски, но механиката на то атреба допрва да се разработува во соработка со автомобилските производители. NHTSA сака Driver Mode да има не само во смарт телефоните туку и во „умните“ мултимедијални системи во возилата.

Но не се знае колку ова ќе им се допадне на автомобилските производители кои секогаш наоѓаат начини да бидат во тек со најновата технологија и истата да ја вградат во возилата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK