Нема дивиденда за акционерите на PSA и FCA

ОБЈАВЕНО НА:

Лоша вест за акционерите на PSA и FCA. Управните одбори на двете компании донесоа одлука да не исплатат дивиденди за претходната деловна година.

Причината за оваа одлука е кризата предизвикана од коронавирусот и потребата од финансии за обезбедување на ликвидност во наредниот период. Како друга причина се најавува и спојувањето на овие два производители кое треба да финишира на почетокот од следната година.

Оваа вест не им се допадна на американските инвеститори кои сакаат редовна исплата на дивиденди. Токму и поради тоа акциите на FCA на њујоршката берза забележаа пад.

Во однос на спојувањето на овие две компании, во моментов регулаторната комисија при Европската Унија го разгледува предлогот, а процесот ќе продолжи само откако истата ќе даде зелено светло односно ќе оцени дека нема да има монопол со спојување на овие производители.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK