Нема да ви се верува: Колку ќе загуби Nissan со затворањето на фабриката во Барселона?

ОБЈАВЕНО НА:

Во моменти кога сите помислија дека илјадници работни места во погоните на Nissan во Шпанија се сигурни, дојде пандемијата на коронавирус и кризата која следува после неа. Во такви ситуации нема милост, па Nissan во своите работни планови за следните неколку години не остава место за фабриката во Барселона.

Во Nissan заклучија дека е подобро да ја затворат фабриката. Тоа наводно ќе ги чини неверојатно 1,5 милијарда евра. Во моментов се водат дебати во Шпанија, но сè е поголем бројот на лица кои сметат дека за Nissan е поевтино да ја остави фабриката оперативна односно да го задржи производството. Истото мислење го има и владата на Шпанија.

Медиумите во Шпанија вклучувајќи ја Ла Вангардија известуваат дека Nissan им рекол на работниците дека затворањето на три локални фабрики ќе ги чини 1,5 милијарда евра. Од синдикатот зборуваат дека Nissan зборувал за двојно помали износи.

Сè е поголем бројот на оние кои се слагаат дека поголемиот износ е пореален. Nissan при затворањето на фабриката мора да ги обесштети сите работници и доставуачи, но и да сноси трошоци за демонтирање на фабриката. Шпанските медиуми наведуваат дека на Nissan ќе му требаат седум години да ги покрие трошоците од затворањето на фабриката.

За потсетување, погонот на Nissan во Барселона е активен од 1983 година, а во моментов се вработени 2400 работници и дополните 600 во дополнителните капацитети. Во фабриката се прозиведуваат комерцијални возила како Navara и електричниот e-NV200.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK