Неколку важни совети и правила за влечење на приколка

ОБЈАВЕНО НА:

Постојат некои едноставни закони на физиката и патот кои секако би требало да ги познавате пред да се обидете да влечете приколка со автомобил. Во таква ситуација секако прво треба да се знаат неколку важни правила кои треба да ги почитувате за да можете без проблеми да ја влечете приколката.

A есента е време кога често се носат продукти за ставање зимница, се пренесуваат можеби и дрва, и тоа е време кога почеесто можеби се користи приколката.

Во продолжение можете да прочитате што е она до кое треба да се придржувате.

Неколку важни точки:

– Секогаш следете ги препораките за правилно влечење.

– Противзаконско е да се надмине масата на оптоварување на приколката, која ја препорачува произведуачот на куки за влезење или приклучокот за влечење кој го користите.

– Сите приколки, вклучувајќи ги и оние без кочници, мораат да имаат јасна ознака за максималната бруто тежина во килограми.

Зошто приколките одат на страна

Ако некогаш сте возеле зад приколка на автопат имате видено како одат на страна или потскокнуваат. Многумина мислат дека тоа е дел од влечењето, но не е така. Ако исправно ја оптоварите приколката така што предниот дел е малку потежок од задниот крај, практично можете да ги елиминирате сите вообичаени проблеми при влечењето.

Три закони на физиката за влечење

Кога приколката почнува да се врти природно ќе „сака“ да ротира околу сопственото тежиште. Можете да го намалите правецот на вртење со поставување на тежиштето кон предниот дел на комбинираното возило и приколка. Промената на положбата на тежиштето го менува ракувањето со карактеристиките на приколката.

Физика за успешно влечење

Правилно пронаоѓање и позиционирање на тежиштето на приколката е тајната за успешно влечење. За влечењето е важно тежиштето бидејќи мотороното возило или приколката, секако, „инстиктивно сака“ да се врти околу своето тежиште. Тоа делува како некоја врста на шарка и место каде што таа „шарка“ се наоша има значајно влијание на влечењето.

Кога се влече приколка тежиштето мора да бире рамно пред тркалата на приколката така што приколката совршено ќе следи. Кога тежиштето е точно пред тркалата на приколката (најдобро од 10 до 20 сантиметри) приколката ќе биде повлечена во рамна линија и така ќе можете сигурно да вртите. Ако тежиштето е предалеку напред, приколката нема да „сака“ да врти и возачот ќе почувствува дека е тешко да се управува со автомобилот.

Како да се пресметка тежиштето?

Мора да ја знаете бруто тежината на приколката, одалеченоста од оската до местото на спојаување и тежината на предниот дел.

Тогаш: Положбата на тежиштето = (во cm пред оската на приколката) оптоварувањето на предниот дел во кг Х должината на товарот во cm по бруто тежината на приколката во кг.

Како да се натовари приколката?

Секогаш проверете го прирачникот за да можете да го утврдите капацитетот за влечење на своето возило. Уверете се дека тежиштето кон предниот дел од приколката обично е од 10 до 20 сантиметри пред оската. Тоа можете да го направите така што ќе товарите малку поголема тежина во предниот дел на приколката, а не во задниот. Ќе ја подесите задната кука на приколата како би осигурале да биде рамна или малку спуштена на предната, но никогаш на задната страна.

Проверете ја максималната бруто тежина приколката – тоа и требало да биде јасно означено. Обезбедете го товарот на приколката на предвидено место за тоа на приколката. Натоварете го товарот вниматечно од дете страни – и однапред и одназад.

Како да возите со приколка?

– Предвидете ги запирањата и кочете навреме.

– Оставете простор од најмалку четири секунди меѓу своето и возилото напред.

– Обезбедете дополнителен простор за вртење и маневрирање.

– Во текот на топлите денови, чувајте го моторот од прегревање на долги нагорнини.

– Користете понизок степен на пренос за моторот подобро да се лади.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK