Неколку причини зошто треба да ги слушате авто механичарите

ОБЈАВЕНО НА:

Честите предупредувања кои доаѓаат од автомеханичарите, а се поврзани со вашиот автомобил се за доброто на возилото со кое управувате, и се разбира за вашиот буџет. Многупати се случува да не се применуваат, а со тоа се прави лошо на автомобилот.

Автомеханичарите со нивните совети се трудат да се избегне постепеното уништување на возилото. На тој начин ќе се продолжи и векот на користење на возилото и ќе има помалку трошоци за одржување, односно нема да има непланирани трошоци.

Сепак, добро е некои работи да се избегнуваат, а важно е и советите да се знаат добро и да се применуваат кога е потребно.

Не притискајте на копчето за гасење во текот на возењето

Ако ви се случи додека возите со разумна брзина да притиснете на копчето нема да се случи ништо. Модерните возила имаат неколку безбедносни можности да ги пречат ваквите работи. Во секој случај не правете го ова.

Не ги занемарувајте знаците за предупредување

Сите знаци на предупредување не се исти кај секој автомобил, но се означени со боја. Зелен (или син) знак значи дека одреден состав е активиран. Жолтиот симбол обично покажува дека нешто треба да се сервисира или да се провери. Црвената боја значи еден вид на сериозен проблем, па би требало да запрете што е побрзо можно бидејќи автомобилот би можел да биде несигурен за возење.

Не уфрлајте во рикверц додека возите

Уште една работа која подитно мора да ја избегнете е уфрлање во рикверц додека возите.

Не ставајте премногу клучеви на местото за палење

Премногу клучеви би можело да бидат и тешки и таа тежина може потенцијално да го оштети прекинувачот за палење со текот на времето. Одвојте само дел од клучевите на клучот на автомобилот.

Сменете го маслото

Слете ги упатствата на произведувачот колку често да го менувате маслото. Тоа не е кажано туку така. Се работи за процедура која мора да се почитува особено кај новите автомобили.

Не чекајте резервоарот за гориво целосно да се испразни

Дури и најчистиот бензин има мали честички во себе кои гравитацијата ги држи на дното на вашиот резервоар. Ако возите „на резерва“, овие остатоци ќе најдат во моторот. Најдобро би било да го наполните автомобилот кога ќе дојде до околу 1/4 од резервоарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK