Неколку модели на Kia со проблеми со безбедносните ремени

ОБЈАВЕНО НА:

Системот за брзо предупредување на ЕУ за опасни непрехранбени производи потврди дека кај неколку модели на Kia се утврдени проблеми со функционирањето на одрдени делови. Поради тоа истите ќе треба да бидат отстранети од страна на производителот.

На списокот на модели кај кои е утврдено дека не функционираат како треба затегнувачите на оредните безбедносни ремени с емоделите Ceed, Ceed Station Wagon, Proceed, XCeed и Sorento.

Во објаснувањето на проблемот се вели: „Затегнувачите на предните безбедносни ремени може да се неисправни. Ова може да доведе до неправилно активирање за време на судир, зголемувајќи го ризикот од повреда на патниците.“

Проблемот е детектиран во Полска, а со слични проблеми се пронајдени кај возила во Франција, Португалија и Словенија. Се работи за 1.241 возило.

Моделите кои се зафатени со ваквиот проблем се произведени во периодот од 11 ноември 2021 до 2 февруари 2022 година. Моделот на Sorento кај кој се пронајдени вакви проблеми е произведен од 5 јули 2021 до 18 август 2021 година.

Kia recall code: 220S14 (KRE22-91-V140-CD)
Affected models: Ceed, Ceed Station Wagon (PHEV), Proceed (CD), XCeed (PHEV) (CDCUV), Sorento (PHEV) (MQ4)
Vehicle numbers (worldwide): 1,241

Source: Rapex Alert 22/2022 A12/00818/22

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK