Се сеќавате ли на Senator, Vecra, Calibra, Tigra, Frontera, Monterey? Овие модели беа составен дел од понудата на Opel во 90-те години. Иако денес во сенка на Audi, BMW, Mercedes-Benz и Volkswagen, во 90-те Opel играл значајна улога на европскиот пазар.
Понудата пред повеќе од 20 години ја сочинувае 13 модели од повеќе сегменти што е слично како и денес.
Димензионално најмал модел ов понудата била Corsa која од 1990 до 2000 година има претставено две генерации. До 1992 година во понудата место имаше за Kadett E кој веќе следната година беше заменет од Astra F.
Во D сегментот популарен модел бил и Vectra која во понудата се задржува до 2008 година кога заминува во историјата, а на нејзино место доаѓа Insignia. Во E класата пак, Opel го имаше моделот Omega кој е претставен во две генерации во 90-те години.
Се до 1993 година во Руселсхајм Opel го произведуваше моделот Senator кој спаѓа во сегментот на луксузни возила. Овој модел во понудата во 90-те бил достапен со 2,5 литарски и 3,0 литарски бензински мотор, а должината на самото возило изнесувала 4.845 мм.
Оттогаш па се до денес Opel нема претставено наследник на овој модел.
И спортската Tigra како и купето Calibra беа дел од понудата на овој германски производител во 90-те години. Во однос на SUV моделите кои денес се доста популарни, во 90-те години Opel продаваше само два модели Frontera и Monterey. Покрај нив во понудата се наоѓаа и моделите Sintra, Campo, Combo и Arena.