Некои така казнуваат: Колку поголема плата толку поголема казна

ОБЈАВЕНО НА:

Сообраќајните казни ги погодуваат возачите, но не делуваат исто кај секого и зависат од примањата кои ги имаат лицата. Кај некого ниту 2000 евра не значат ништо, а кај други и 50 евра се премногу.

Во некои земји во Европа ситуацијата е поинаква бидејќи се следат приходите, а според тоа и се одредува и висината на казната за прекршок во сообраќајот. Причината е во тоа оние со најдлабок џеб да не бидат слободни да прават што сакаат на патиштата односно и тие да ја почувствуваат силата на законот како посиромашните.

Најголемата казна за еден сообраќаен прекршок е издадена во 2010 година во Швајцарија. Еден возач на автопат во Mercedes SLS возел дури 290 км/ч. Полицијата го фатила и тоа го чинело 650.000 евра.

Финска исто така е една од земјите во кои казните се одредуваат според имотот што се поседува односно според приходите. Во таа држава се издадени многу казни поголеми од 50.000 евра. Кој има повеќе, а одлучи да биде пребрз тој и ќе плати. Шведска, Данска, Германија, Австрија и Франција исто така имаат пресметки за сообраќајни казни според приходите.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK