вторник, 25 декември, 2025 година

Не возете побрзо од дозволеното, тоа е најчеста причина за несреќи

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Истражувањето во однос на темата за автомобилските несреќи покажува дека 56% од сите сообраќајки се порад преголема брзина. Уште поневообичаен факт е дека за 95% од судирите, каде причината е во превисоката брзина, се случиле при возење со поголема брзина од 20 до 40 км/ч.
Многу од возачите на моторни превозни средства не го земаат тоа предвид и редовно го надминуваат ограничувањето со дваесетина километри на час. Казните за такво зголемување се пониски и многу од радарите имаат толеранција од 10 или 20 км/ч.

Новите камери на САТ, сепак, може да детектираат и брзини до плус 3 км/ч, но тоа не е најважното. За да спречите несакани судири, не ја надминувајте брзината, дури ни со малку.

- Advertisement -

https://24auto.mk/vesti/makedonija/statistika-na-mvr-najgolem-porast-na-soobrakajki-so-zaginati-ima-vo-tetovo-i-kumanovo/

Еве ја листата на казни за направени прекршоци односно пречекорување на максимално возмолената брзина на патиштата.

Зголемена брзина во населено место
* На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри/час, односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел.

Глоба во износ од:
* 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 km/h над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.

*300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.

* 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина

* 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода , на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.

https://24auto.mk/magazin/soveti/deset-najchesti-prichini-za-soobrakajni-nesreki/

Зголемена брзина надвор од населеното место
На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од:

130 km/h на автопат;
110 km/h на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
90 km/h на други патишта.

Предвидени глоби од:
* 400 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 70 km/h над дозволената брзина.Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.

*300 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 50 до 70 km/h над дозволената брзина.Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци.

* 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој надвор од населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h над дозволената брзина.

*20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода на возач кој надвор од населено место се движи со брзина поголема до 30 km/h над дозволената брзина.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја