Не се стегајте! Опуштените мускули може да ве спасат oд повреди при несреќа

ОБЈАВЕНО НА:

Истражувањето од германското друшство „Fraunchofer“ (најголемото европско обединување на научните институти) го проучуваше влијанието на стегнатоста на мускулите на повредите кои човечкото тело ги претрпува при автомобилска несреќа. Студијата имаше за цел да даде одговор на прашањето дали човек има шанса да настрада помалку доколку е опуштен или напрегнат во моментот на ударот.

Современите кукли кои се користат за краш тестови се вистински подвижни лаборатории, но не даваат вистинска претстава за влијанието на мускулатурата над последнидиците од сообраќајната несреќа. Затоа научниците од „Fraunchofer“ користат виртуелни модели на човечкото тело за симулации при несреќи.

Куклата THUMS Version 5 дозволува да бидат истражени четири различни состојби на мускулите во зависност од нивната цврстина, за да можат да бидат предвидени последиците врз анатомијата при судир. Тоа се смета за важно во контекст на идните автономни и полуавтономни автомобили, а патниците ќе бидат многу порелаксирани.

Се покажа дека моменталната состојба на мускулите го менува суштински однесувањето на патниците и во зависност од тоа до каков степен се скратени мускулите можат да се очекуваат и различни повреди. Точните резултати од истражувањето допрва ќе бидат објавени.

Новите тестирања ветуваат дека ќе дадат научен одговор за верувањето дека „Господ ги чува пијаните“. Во пијана состојба мускулите на човек се значително поопуштени, а според верувањата, поради бројни случаи на неверојатно преживеани се луѓе кои биле под дејство на алкохол.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK