Не се само возачите виновни: МВР казни 29 пешаци

ОБЈАВЕНО НА:

Најчесто во билтените на МВР има податоци колку возачи биле казнети поради прекршување на сообраќајните правила. Но полицијата подеднакво ги казнува и другите учесници во сообраќајот, па на листата со оние што треба да платат некоја глоба има и мотоциклисти. Но, во последниот билтен се појави податок и за казнети пешаци.

Полицијата казнила 29 пешаци само во Скопје во последните 24 часа. Нема информација за какви прекршоци се напишани глобите, но најчесто пешаците не ја минуваат улицата на пешачки премин, што е најчесто санкционирано. Сега полицијата врши засилени контроли во сообраќајот, па во нивните нотеси се најдоа и пешаците.

МВР во текот на вчерашниот ден (28 септември) на територијата на град Скопје изрече вкупно 322 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола биле санкционирани 18 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење биле казнети 105 возачи.

Имало и 13 технички неисправни и нерегистрирани возила 13, а и 20 мотоциклисти биле санкционирани и уште 75 мерки за непрописно паркирање. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK