Не постојат шанси да се спојат Renault и Nissan да се спојат

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе подолго време во бизнис светот на автомобилизмот се зборува за спојување помеѓу Renault и Nissan кои сега се дел од заедничката алијанса со Mitsubishi. Сепак, првиот човек на Алијансата и на Renault ги демантираше овие шпекулации наведувајќи при тоа дека не постојат шанси за такво нешто.

“Било кој ако праша Nissan и Mitsubishi да прераснат во целосна сопственост на Renault ќе треба да знае дека за такво нешто постојат шанси” изјавил Карлос Гон пред акционерите на Mitsubishi, пренесува Ројтерс.

Покрај Гон, со слична изјава излезе и првиот човек на Nissan, Хирото Саикава кој изјави дека целосо спојување воопшто не е дискутирано помеѓу потесното раководство на Алијансата.

Гласините околу спојувањето на овие две производствени компании станаа се погласни откако Renault стана мнозински акционер во Nissan контролирајќи при тоа 43.4% и откако Nissan купи 15% од акциите на францускиот производите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK