Многу често кога има сообраќајна несреќа се појавуваат видеа од самиот настан. Сообраќајната полиција во Баварија веќе им додели големи казни на возачите кои снимаат со телефони додека преминуваат покрај сообраќајни несреќи. Сега „пазачите“ се принудени да платат за својата љубопитност казна од близу 130 евра.
Видеото од германската полиција раскажува за сличен случај на несреќа со загинат. Ги запираат сите возачи кои ги снимаат последиците од несреќата со телефони и буквално ги принудуваат да го гледаат трупот на жената.
„Сакате ли да го видите? Не? Зошто тогаш го снимате?“, прашува полицаецот.
Сите возачи жалат за направеното, но тоа не им ја намалило казната. Таа е со изност од 128,5 евра.
https://www.facebook.com/BRFranken/videos/442235213013718/
Полицијата објаснува дека паричните казни не можат да ја подобрат ситуацијата и задачата не е само да се собираат по околу 130 евра од сеирџиите, туку да им покаже и да им ги објасни последиците од несреќата. Само така според него возачите можат да дознаат дека тоа не е забава, туку сурова реалност.