Италијанецот Луиџи Кампина можеби ќе влезе во аналите како човек кој имал голем апасија кон автомобилите, но истите му бил еконфискувани од државата. Причината е што тој не го платил данокот на време, па на аукција биле понудели сите 423 превозни средства колку што тој поседувал.
Работел во компанија за обезбедување, но бил само „чувар“, како што пишуваат италијанските весници. Но имал и мрежа на обезбедување, и обезбедувал различни компании. Сепак на крајот станал „жртва“ на сопствената пасија.
Во колекцијата покрај многуте возила имал и повеќе од 155 мотоцикли, 184 велосипеди, 55 чамци и јахти и други превозни средства како ратракци за снег. Истовремено бил колекционер и на играчки возови и автомобил, машини з амелење месо, секс играчки, порно ДВД, видео касети.
На аукцијата биле собрани 51,26 милиони, а најскапо продаден предмет бил Ferrari 275 GTB што бил продаден за 3,416 милиони евра, иако пред аукцијата истио тбил проценет на 2,4 милиони.