Не може да дигнат глава: Нова казна за Volkswagen во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Според агенциските извештаи, државата Калифорнија во САД објавила дека Volkswagen ќе и плати дополнителни 154 милиони долари казна и трошоци поради скандалот со емисијата на штетни гасови со дизелските мотори.

Одборот за заштита на воздухот во Калифорнија тврди дека со тоа зголемување сега вкупната казна што VW треба да ја плати е зголеман на 1,3 милијарди долари.
VW призна дека 11 милиони нивни возила имале лажен софтвер со кој се мамело и не се прикажувала вистинската емисија на штетни гасови, особено азотните оксиди. Тие биле и за 40 пати над дозволеното.

Но, договорениот износ за израмнување мора да го одобри и судот. Во сумата се вклучени казните и исплата на пари на калифорнија за подршка на „чисти“ возила на електричен погон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK