Не ја гледајте секогаш цената: Евтините гуми се опасни!

ОБЈАВЕНО НА:

Гумите за сите сезони стануваат сè попопуларни, а многу често некои од возачите се наоѓаат пред прашањето: Дали да купат нови зимски гуми или е подобро да монтираат комплет на евтини гуми за сите сезони? Тест и експертската германска организација KÜS провери шест од сите сезонски гуми со димензии 205/55 R16 од азиско производство, кои се најчесто среќавани на пазарот и се конкуренција за европските брендови.

При интензивно запирање на мокар пат со брзина од 80 км/ч, најлошата од „евтините гуми“ има пат на запирање, ко е е со десет метри подолг (41,6) од референтната гума (31,7 метри).

При запирање од 80 км/ч на суво нештата не се помалку застрашувачки. Додека автомобилот со референтни гуми застанува за 32 метри, автомобилот со „евтините гуми“ го прави тоа до 39 метри. Се разбира, вредностите при запирање од 100 до 0 км/ч се уште поекстремни, додека референтната гума веќе е неподвижна, најлошата од тестираните гуми за сите сезони уште се врти при преостанатата брзина од нешто помалку од 49 км/ч.

Колку е добра или колку е лоша гумата може да се види и во однесувањето при аквапланинг. Референтната гума останува на пистата со брзина од 80 км/ч и не се носи над водата. Кај „евтините гуми“ нештата се сосема поинакви. Додека се движите по влажна површина со брзина од 80 км/ч, гумите ја исфрлаат возата нагоре, губат контакт со асфалтот и автомобилот не може да се одржува на курсот.

Азиските гуми се држат лошо на истиот начин при тестот за управувње. Им недостасува доволно контакт при стартување и автомобилот со референтни гуми се движи напред доста подобро. „Евтините гуми“ нема шанси да се справат. Имаат лошо ниво на контакт во свиоците. Кога страничниот притисок ќе се измени, возилото се одвојува од патот, ситуација, која тешко може да ја контролира неискусен возач.

Заклучок: Резултатите од тестот покажуваат дека евтините гуми за сите сезони можат да бидат опасни по животот во критични ситуации. Ако ја гледате само цената, кога купувате гуми, тогаш штедите на погрешно место.

Кога стануа збор за безбедноста, својствата на гумите играат клучна улога. Затоа советите на експертите на KÜS за сите возачи, кои се придржуват до безбедноста на патиштата велат: „Избегнувајте ги евтините гуми“!

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK