сабота, 25 декември, 2025 година

Не им доаѓа памет – нови 350 возачи си платија за погрешно паркирање во Центар

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за една недела санкционираа 350 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Тоа е за 36 повеќе од претходната недела.

Во периодот од 28.10. до 04.11.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 178 непрописно паркирани возила, од кои четри (4) несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 172 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

- Advertisement -

Највисока казна е ако се паркирате на место резервирано за лица со посебни потреби, каде покрај 100 евра за пајак ќе треба да платите уште 180 евра казна.

Ценовникот на јавните паркиралишта со кои управува ЈП ПОЦ и колку чини подигањето на возило од страна на пајак службата можете да прочитате тука

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја