Не е за верување: Направија Opel Kadett со 1257 коњски сили (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Возило Opel Kadett кое е произведено пред повеќе од 25 години предизвика сензација на натпреварот RACE 1000 во Магдебург. Овој автомобил успеа да достигне брзина од 315 км/ч за 800 метри со што покажа далеку подобри перформанси од сите очекувања.

Хечбекот, кој го нарекоа Supercar Killer е доработен во германското тунинг ателје WKT каде има добиено далеку посилен мотор.

Под предната хауба возилото има 2,0-литарски четирицилиндричен мотор EcoTec, кој има неверојатни 1257 коњски сили и 1 100 Нм. Менувачот е со шест степени, кој е изработен од WKT и го придвижува на сите четири тркала.

 

Според WKT бесниот Kadettе најбрзиот германски автомобил со четирицилиндричен мотор. Тој забрзува од 0 до 100 км/ч за 4 секунди, до 200 за 7,7 додека до 300 км/ч за 14 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK