Не е за секого Mercedes, а уште помалку 500 КС. Ова можеме да го заклучиме по последното видео објавено на YouTube.
Сакајќи да се покаже како вешт возач, еден неименуван возач на Mercedes C-Class AMG заврши во дрво на улиците во Ротердам, Холандија.
За негова среќа, автомобилот заврши со помали каросериски оштетувања и без повреда на возачот.
Инаку овој автомобил под хаубата располага со 4.0 литарски V8 twin-turbo мотор со 510 КС и 700 Nm.