Бројот на автомобилите на природен гас, кои се движат низ патиташта во Европа, веќе го надмина бројот од 1,4 милиони. Ова го потврдува последниот извештај на Здружението за превозни средства со природен и био гас (NGVA Europe) за 2019 година.
Инфраструктурата за полнење е добро развиена и поддржува мрежа од 3665 станици на компресиран природен гас (CNG) и 214 за течен природен гас (LNG). Како автопаркот така и мрежата од гас станици постојано се шири низ цела Европа, а тоа го посочуваат од страна на Здружението.
Компресиран или течен (CNG или LNG), природниот гас е основно метан, кој освен што што се добива од земјата, сè повеќе се произведува и од обновливи извори, под формата на биометан и синтетички природен гас. Приодниот и обновлив метан може да се меша без ограничување, а на тој начин се прави постепено и флексибилно преминување кон јаглеродна неутралност односно кон нула емисии на јаглерод диоксид. CNG и LNG технологиите можат да ги намалат емисиите на стаклени гасови до 95%, што претставува важен придонес за животна средина и индустријата, а тоа го проценуваат креаторите на извештајот.
„Природниот гас, користен како транспортно гориво, допринесува за комоцијата на возачот и маршрута со пониско ниво на шум, до 50% помалку во споредба со дизел. Во исто време транспортните средства на природен гас се достапни решенија не само за личните автомобили туку и за товарниот транспорт“, коментира Андреа Герини, кој е генерален секретар на NGVA Europe.
Шведскиот производител присуствува со девет свои модели на камиони и автобуси на метан во Каталогот за 2019 година на NGVA Europe за автомобилите на природен гас. Каталогот вклучува споредливи податоци и исцрпувачки преглед на рентабилност и ефективност на 68 автомобили, достапни на европскиот пазар, 23 лесни автомобили, 11 лесни трговски комерцијални возила, 13 камиони и 21 автобус.