Не е шега.. Volkswagen прави – кобасици и кечап!

ОБЈАВЕНО НА:

Кралот на автомобилите во Европа е Golf, но тоа не е најпродаваниот производ со знакот на Volkswagen. Тешко е да се замисли дека она што најмногу го купуваат луѓето не е автомобил! Некои и незнаат дека уште еден производ што излегува од фабриката во Волфсбург е многу популарен. А се работи за кобасица!

И не само кобасици туку од Volkswagen излегува и кечап кој се користи токму за повкусно конзумирање на каривурст. Овој кечап е погуст од вообичаенот со цел да може полесно да се користи со кобасиците.

Годината што е зад нас VW продале милионски број на возила, но кобасицата што исто така ја има ознаката на Volkswagen има најмалку еден милион повеќе продадени парчиња, само во Европа. Последните информации говорат дека над 8 милиони кобасици се произведени во Volkswagen. Во Германија има традиција на конзумирање на кобасици кои ги има на секој чекор и се дел од секојдневието на секој Германец.

Но, VW оди чекор понатаму, создавајќи сопствена линија на популарната колбасица. Главниот месар Франческо Ло Прести работи повеќе од 15 години на усовршување на својот рецепт за каривурст, кој датира од 1973 година. Секој ден, 30 вработени во кујната учествуваат во индустриското производство на околу 30.000 колбаси. Колбасите ги нудат продавачите на VW на потенцијалните клиенти, а тие се исто така се достапни и на корпоративните маркетиншки настани. Може дури и да се најдат на полиците на германскиот ланец на супермаркети Едека.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK