Не е само салон – Volvo доби свој дом во Скопје

ОБЈАВЕНО НА:

Кога за првпат беше обелоденето дека Премиум АГС е новиот увозник за возилата од брендот Volvo една од најавените новости беше дека Volvo ќе добие свој дом, нов салон каде на едно место ќе биде и продажно – изложбениот центар и сервисот. И поминаа неколку месеци, најавата се оствари – во Скопје беше отворен новиот салон на Volvo Cars Macedonia.

Салонот е изграден според највисоките Volvo Retail Experience стандарди и претставува симбол за нов, свеж почеток на брендот Volvo во Македонија. Освен што е салон за автомобили, замислен е како еден дел од Шведска во нашата земја во кој можете да го почувствувате, допрете и вистински да го доживеете шведскиот бренд и да имате уникатно искуство.

На едно место ги има речиси сите модели од понудата, а покрај тоа што ќе добиете врвна услуга ќе се чувствувате исто како и во било кој друг светски центар каде се продаваат моделите на Volvo.
Покрај нов салон, Volvo во Македонија има и нов директор за продажба, Деан Јадровски кој во своето CV има забележано години искуство во бизнисот со нови автомобили во Македонија.

„Да се претставува Volvo како бренд претставува огромно задоволство, но истовремено е огромен предизвик и обврска. Токму за да одговориме на ваквиот предизвик, ја направивме оваа инвестиција која претставува клучен чекор напред за позиционирањето на Volvo како бренд на нашиот пазар и фаќање на чекор со најновите светски стандарди за продажба на возилата од премиум брендовите. Како групација сме горди што додаваме бренд како Volvo во нашето портфолио и сигурни сме дека растот кој Volvo го има во светски рамки изминативе години, ќе го пресликаме и на домашниот пазар, вели Јадровски.

Домот на Volvo во Македонија се наоѓа на ул. Перо Наков бр. 25, 1000 Skopje. Ако повеќе сакате виртуелно да ги видите моделите, тогаш посетете ја нивната интернет страница www.volvocentar.mk

Следете не и на:

24AUTO NETWORK