Стресот при возење има драстично пораснато во последните пет години, а тоа го покажува и студијата на Clever Shuttle, која е подружница на Deutsche Bahn. Дури 93% од анкетираните се жалат на психолошки стрес, кој го доживуваат за време на возењето, во споредба со 64% пред пет години. Во услови на густ сообраќај, стресните ситуации на патот стануваат сè побројни.
Д-р Волфганг Фаштенмајер, кој е психолог на Институтот за проучување на човечкото однесување во животната средина во Минхен објаснува дека има многу фактори кои влијаат на тоа, бидејќи возачот треба постојано да ги предвидува случувањата наоколу и да биде свесен за можните опасности.
Внатрешната градска траса со многу раскрсници, тесни улички, паркирани автомобили, пешаци и велосипедисти бара многу поинакво внимание од автопатот со јасна лента и прецизни граници. Перцепцијата исто така зависи и од тоа кога и кој е засегнат од овие услови, а многу е полесно да се согледа стресната ситуација при мирно патување во текот на викендот отколку на патот кон канцеларијата каде што ќе се додаде и стрес при решавањето на работните проблеми.
Студијата, во која група на доброволци од различни возрасти и вештини исполнија 400 часа возење во симулатор, покажува дека колку повеќе искуство, толку подобар и поискусен возач кој веќе научил да се справува со тешки ситуации без непотребен стрес. Од друга страна недостатокот на време, плачењето на децата одзади или расправија со партнерот пред почнувањето на патувањето можат да бидат причинители за страсна ситуација. На пример, автомобил кој се движи бавно напред, одеднаш станува многу досаден, додека во други ситуации не би предизвикал таква негативна реакција.
Фиксираната позиција на возачот, кој го вози автомобилот многу часови, исто така си го прави своето. За да се намали напнатоста зад воланот, експертите советуваат да се намали персонализираната позиција на телото во автомобилот, што се постигнува најдобро со седишта, кои имаат повеќе поставки. Тоа значително го намалува физичкиот стрес и со тоа делумно помага да се олеснат работите во главата.
Се покажува дека изразот на лицата на луѓето зад воланот е помалку емоционален, доколку возачот вози сам – дури и при страв или радост останува неутрален и фокусиран. Доколку во автомобилот има и други лица, емоциите стануваат поизразени, ноавата технологија на внатрешната камера може да го препознае стресот и на тој начин предизвикува вибрации на воланот или светлосен сигнал што ќе го потсетува возачот да се фокусира.
Неодамнешно истражување на државниот универзитет во Сао Пауло во Бразил покажа дека добро одбраната музика може да ја неутрализира атмосферата во автомобилот. Сепак, Фаштенмајер е на друго мислење: „Самата зона на сообраќајот може да понуди најголем потенцијал за намалување на непотребниот стрес за учесниците во сообраќајот“.
Во идеалниот случај, според истражувањето, правилната организација на движењето, интуитивните и разбирливи знаци, логично поставените знаци, обележувањата и ограничувањата на брзината можат да го намалат нивото на стрес за време на возењето до 60%.