Не е како во каталогот: Продавачите велат едно, возилата трошат 75% повеќе

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Carly, која е специјализирана за мобилните апликации на автомобилска тематика ги доби резултатите од последното проучување кое е поврзано со реалните потреби на гориво на модерните коли.

Според податоците на компанијата од 2004 година наваму автомобилите без запирање трошат сè повеќе гориво, а таа тенденција се зголемува.

За најгрешни се посочуваат податоците за дизелите од 2016 година кои трошат средно до 75 проценти повеќе нафта отколку што кажуваат производителите. Од Carly тврдат дека за една година возачите можат да загубат приближно 1000 евра за дополнително гориво при поминување на околу 20.000 километри за 12 месеци.

Пред шест месеци беше воведен нов сиклус за мерење на потрошувачката на гориво при новите модели кое треба да биде поблиску до реалноста, кој се нарекува Worldwide harmonized Light vehicles Test Procedure (WLTP), а истиот влегува во сила во август и станува задолжителен од 1 јануари 2019 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK