Компанијата GM-АвтоВАЗ продолжува со заедничкото вложување во Chevrolet Niva, а сега официјално објави дека во автомобилите ќе биде интегиран мулдимедиски систем.
Новиот уред работи по оперативниот систем Windows и ќе биде вграден во две модификации – LEM и GLC Multimedia. Мултимедискиот комплекс е со седуминчен екран и работи под Windows CE 6.0.
На екранот се појавува и камера со заден приказ, а достапен исто така е и навигацискиот систем Navitel. Конкретната цена на самата мултимедија не се посочува бидејќи таа нуди пакет од неколку опции, но основната цена на Chevtrolet Niva е 9.300 евра. Најевтината варијанта со мултимедија е 11.100 евра.