Конкуренцијата помеѓу германските производители никогаш не била поголема. Со цел да се остане во чекор, и BMW по стапките на Mercedes и Audi оваа година претстави неколку новитети. Покрај веќе претставените, германскиот производител подготвува и бројни други, а еден од нив е и новата генерација на серија 3.
Од објавените видео материјали на официјалниот YouTube канал на BMW на кои се прикажани секвенци од тестирањето, не може јасно да се видат екстериерните промени, но судејќи по формата, не треба да очекуваме драстични екстериерни промени.
Во недостаток на официјални информации, она што засега се знае е дека новата серија 3 доаѓа со 50:50 распоред на масата, а ќе биде за 55 килограми полесен од претходната генереација. Од претходната генерација во целост се преземени моторите, па така богатата понуда на мотори опфаќа бројни бензински и дизелски верзии со 3, 4 и 6 цилиндри. Моќноста кај бензинските мотори се движи од 150 КС кај основниот модел па се до 380 КС кој ќе бидат достапни кај M340i. Условно кажано најслабиот дизелски мотор ќе располага со 136 КС.
Во зависност од одбраниот мотор како и нивото на опременост, серија 3 доаѓа со погон на задните или на сите четири тркала, а стандардната опрема е составена од 6 степен мануелен или 8 степен автоматски менувач.
Во внатрешноста не очекуваат неколку мали новити, а во најголем дел истата ќе биде позајмена од актуеланта генерација на серија 3. Во основниот модел е вградена дополнителна современа технологија која се однесува на безбедноста и асистенцијата на возачот при возењето.
Инаку развојот на новата серија 3 е во завршна фаза, а во изминатиов период автомобилот се тестираше на екстремни услови на северот на Шведска како и во развојните центри на производителот во Франција и Германија. Премиерата на овој автомобил е закажана за претстјниот саем за автомобили кој на почетокот на октомври ќе се одржи во Париз.