Golf е Golf, но секоја генерација е се поскапа, а луѓето колку и да го сакаат неможат да си дозволат да го имаат. Но, Германците сакаат да им дадат квалитет на Golf, но со помалку опрема, на оние што сакаат да го имаат овој бестселер. Volkswagen постојано најавува дека размислува да се вклучи во овој сегмент на нискобуџетски возила.
Пред две години специјализираните германски медиуми во повеќе наврати пишуваа дека Volkswagen развира посебен буџетска верзија на бестселерот Golf. Ваквиот модел добро би одговорил на обвинејата дека компанијата веќе не нуди оригинални народни автомобили.
Според замислите на Германците, Golf Light, како што неофицијално се нарекува проектот би требало да чини најмногу 10.000 евра за да може да ги земе и клиентите со поскромни финансии, каде сега најмногу ќарува Dacia.
Идејата е да има основен модел што ќе има само еден 1.0 литарски мотор со можност од 100 КС, и рачен менувач.
Нема најава како би можел да изгледа идниниот народен автомобил на Volkswagen, но со оглед на тоа што цените постојано се зголемуваа, сигурно е дека ќе се обидат да ја зголем продажбата за некој ваков автомобил.
А дотогаш само ќе чекаме…