Германските автопроизводители мораат да инвестираат посериозно во електричните возила и да се фатат во костец со лидерот во производството на електрични возила, американската компанија Tesla, вели шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, Петер Алтмаер.
Алтмаер не го криеше разочарувањето од првите луѓе во германската автоиндустрија кои беа дел од Дизелгејт скандалот, притоа, нагласувајќи дека тој се грижи и за иднината на над 600 илјади вработени во оваа индустија.
„Кога нашата автомобилска индустрија, која впрочем е многу добра, ќе биде во состојба да направи автомобил со кој ќе може да патувате 50 километри повеќе отколку со Tesla и да чини 10 илјади евра помалку? Мора да е возможно ова да се постави како цел,“, рече Алтман на јавниот форум во Берлин.
Во обраќањето, Алтман говореше за Tesla возило кое чини околу 100 илјади долари, а со кое може да се поминат околу 400 километри. Но, на германската официјална страница на Tesla има модели со кои со едно полнење може да се поминат до 417 километри, а се продаваат за 91,250 евра (109 илјади долари). Tesla најави дека од јули почна со испорака и на многу поевтините возила, како што е Model 3 sedan, чија цена стратува од 35 илјади долари.
„Ако автомобилската индустрија не може да го сфати фактот дека мора да инвестираат во електрични возила, особено во градски возила, тогаш ќе биде и многу тешко долгорочно да се одбранат моторите со внатрешно согорување, бензинските и дизелите. Мора да направиме сѐ што е во наша моќ за најдобрите електрични возила се прават во Германија“, вели Алтман.
Критиките ги засегаат Volkswagen, Daimler и BMW кои погодени од дизелгејт скандалот најавија дека ќе надградат околу 5 милиони понови дизел возила и понудија поволности во замена на старото дизел возило со нов модел.
Годинава во мај, Меркел призна дека Германија нема да ја исполни целта до 2020 година на нивните патишта да возат 1 милион електрични возила.
Од германските производители во моментов само BMW нуди електрични возила, а Daimler преку Mercedes-Benz и Volkswagen пред една година најавија дека планови дека до крајот на декадата ќе произведат возила кои ќе бидат конкуренција на Tesla.