iPhone ќе се отклучува со скенирање на ликот наместо на прстот. Неофицијални извори навестуваат дека Apple работи на нова технологија, односно, планира во апаратите да вгради 3Д ласерски скенер за препознавање на лицето, наместо отпечатокот од прст со кој сега се отклучуваат мобилките.
Според аналитичарот на JP Morgan, Род Хол, 3Д скенерот ќе го замени актулениот Touch ID систем за препознавање на отисоците од прстите, којшто е стандардна компонента на Apple iOS платформата од 2013 година кога се појави iPhone 5S.
Вградувањето на новиот скенер ќе биде паралелно со активностите во Apple за отстранување на „home“ копчето на новиот edge-to-edge 5,8 инчен дисплеј.
Со скенерот на лице треба да се надминат проблемите кои се појавија со Touch ID сензорот. Односно сензорот не функционира како што треба кога времето е влажно, а со новиот скенер корисникот ќе може да го отклучи апаратот и кога носи ракавици.
Apple неодамна патентираше систем со кој Touch ID функционира и преку екранот, односно компанијата се уште ги истражува опциите за безбедност на идните iPhone апарати.