Најскапоцените брендови според Interbrand Best Global Brands 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Interbrand публикуваше годишна класификација во која се подредени сто најценети брендови  на глобален план, а без промена на врвот се наоѓа Apple со оценка од 214,480 милијарди долари и пораст од 16 проценти.
На 2. место е Google со оценка од 155,506 милијарди долари и подобрувањеод десет проценти, додека на 3. позиција се наоѓа Amazon со 100,764 милијарди и значително зголемување од 56%.

Во топ 100 класификацијата Best Global Brands 2018 на Interbrand фигурираат и имињата и на 15 автомобилски и мото брендови, а на врвот со пораст од шест проценти до 53,404 милијарди долари е Toyota. Mercedes го зазема второто место со 48,601 милијарди (+2%), додека на 3. позиција е BMW со оценка од 41,006 милијарди (-1%).

Со исклучок на Harley-Davidson, каде е регистриран пад од 9% во оценката сите други брендови можат да се пофалат со подобрување.

-Honda – 23,682 милијарди долари (+4%)

-Ford – 13,995 милијарди долари (+3%)

-Hyundai – 13,535 милијарди долари (+3%)

-Nissan – 12,213 милијарди долари (+6%)

-VW – 12,201 милијарди долари (+6%)

-Audi – 12,187 милијарди долари (+1%)

-Porsche – 10,707 милијарди долари (+6%)

-KIA – 6,925 милијарди долари (+4%)

-Land Rover – 6,221 милијарди долари (+2%)

-Ferrari – 5,760 милијарди долари (+18%)

– MINI – 5,254 милијарди долари (+3%)

-Harley-Davidson- 5,161 милијарди долари (-9%)

-Subaru – 4,214 милијарди (нова компанија во Топ 100).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK