Златарската компанија од Финска, Awain го претстави најскапиот клуч за автомобили во светот. Накитот чини 500.000 долари (443.557 евра) или колку нов супер автомобил. Омотот е со дијаманти и 18-каратно злато, а централниот дел е тапациран со скапа кожа.
Awain нуди и поевтини модели. Serenity надминува 80.000 евра, а Quantum е само 49 000 евра. Исто така се декорирани со злато и скапоцени камења и ќе бидат изработени во тираж од 20 примероци.
Компанијата од Финска изработува екслузивни клучеви за Aston Martin, Bugatti, Bentley, Lamborghini, McLaren, Maybach и Rolls-Royce. Секој од производите е дизајниран и изработен според желбите на купувачот.